Швајцарски работодавачи ќе им платат на вработените дел од киријата за работа од дома

Швајцарски работодавачи се должни на своите вработени да им платат еден дел од киријата за работењето од дома, заклучи суд во Цирих.
Тужбата против компанијата ја поднесе еден вработен кој побарал отштета за работењето од дома.
Компанијата укажала дека не постои соодветен договор за отштета и не е обврзана да плати дел од киријата.
Меѓутоа судијата донел заклучоци кои се поинакви од аргументите на компанијата, наведувајќи дека тоа што вработените немале дополнителни трошоци, како што е изнајмување дополнителни простории, не е причина да им се одбие барањето за отштета.
Според пресудата, компанијата е должна да плати надомест, и тоа ретроактивно, 150 франци месечно.
Експертите по трудово право укажуваат и дека работодавецот, кој има одговорност и за здравјето на вработените, има обврска во иднина да набави и соодветна столица за работа од дома.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
