-->
-->
Шведска го укина ембаргото за извоз на оружје во Турција
-->
– Шведскиот Инспекторат за стратешки производи денеска информираше дека повторно издава дозволи за извоз на воена опрема во Турција, со тоа е укинато ембаргото што беше на сила од 2019 година.
Ваквиот потег е поврзан со напорите на Шведска да влезе во НАТО.
Нордиската земја поднесе барање за членство во воениот сојуз по руската инвазија на Украина.
Инспекторатот за стратешки производи почна со давањето извозни дозволи за третиот квартал, без да ги открие компаниите или производите што добиле зелено светло. Оттаму наведуваат дека станува збор за доверливи податоци.
Турција во мај соопшти дека забележала позитивен став кон укинување на ембаргото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има