Шведската амбасада со штанд за литература за деца на Саемот на книга

Амбасадата на Шведска во рамки на Саемот на книгата ќе организира серија настани поврзани со шведската литература за деца и заштита на правата на децата во согласност со Конвенцијата за заштита на правата на децата на Обединетите нации.
Во деновите од Саемот на книгата, од денеска до 10 април, на детското ќоше на штандот на Амбасадата во халата 1, најмладите ќе може да се дружат со јунаците од приказните од шведските книги за деца, ќе можат да цртаат и да се забавуваат.
Организирани посети од основни училишта и градинки ќе има од вторник до петок со организирано читање на македонски јазик (среда и петок) и на албански јазик (вторник и четврток). Во останатото време како и за време на викендот читањата ќе бидат отворени за посетители.
На 7 април во Бизнис-салата на Скопскиот саем, Амбасадата ќе организира панел-дискусија на тема „Детската литература во Шведска и Македонија и правата на децата во согласност со Конвенцијата на правата на децата на ОН“.
Учесници во дискусијата се Јохан Палмберг, правнук на Астрид Линдгрен, политиколог и член на АЛМА – фондација која секоја година ја доделува престижната меморијална награда за детска литература „Астрид Линдгрен”, и Билјана Црвенковска, писателка на книги за деца и уредник.
- Шведската детска литература по многу нешта е специфична. Таа не само што е забавна, туку и на јазик разбирлив за децата тематизира прашања од значење за децата, прашања кои честопати возрасните не знаат како да ги одговорат или објаснат. Шведската детска литература ги проблематизира и демистифицира прашањата за насилството, смртта, задевањето, хомосексуалност, злоупотребата на дроги, разводот, и така натаму, со цел да ги едуцира и зајакне децата тие да израснат во здрави, среќни и самостојни индивидуи, и го прави тоа на забавен начин, наведува Амбасадата на Шведска во Скопје.
Посочува и дека интересот за шведската литература во Македонија има растечки подем и се поголем број издавачки куќи се заинтересирани за преводи на шведските автори на македонски јазик.
Ново на Сител
-

Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност
-

Трчајќи преку автопат во Хрватска две лица загинале
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
