Шведската полиција основа работна група за борба против банди
Шведската полиција соопшти денеска дека ќе формира специјална работна група за справување со бранот пукања и бомбашки напади поврзани со криминални банди по фаталната пукотница, кога за време на викендот загина 15-годишник во градот Малме.
Шведската полиција соопшти дека во саботата едно 15-годишно момче е убиено, а уште еден тинејџер е тешко повреден во оружен напад на плоштад во градот Малме. Локалната полиција наведе дека непознати напаѓачиотвориле оган во пицерија, а според очевидци тие веднаш побегнале со велосипед од местото на инцидентот. Нападот се случил само неколку минути по експлозија на бомба, која била поставена под автомобил во друг дел на Малме. Полицијата се уште не потврдила дали двата инцидента се поврзани и се уште не ги идентификувала осомничените во двата случаја
Шведска, иако ужива репутација на една од најбезбедните земји во светот со оглед на ниската стапка на криминал и убиства, во последните години се соочува со војни на банди во поголемите градови. Полицијата минатата недела соопшти дека досега имало 187 бомбашки напади, за разлика од 152 колку што имало во цела 2018 година.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости