-->
-->
Шведската Влада одобри над 23 милиони долари воена помош за Украина
-->
Владата на Шведска одлучи да ѝ го додели на Украина дванаесеттиот пакет воена помош кој ќе изнесува 250 милиони круни (23,7 милиони долари) и ќе вклучува пробни летови на борбени авиони Грипен.
Во соопштението на шведската Влада се посочува дека поголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за испраќањето на воена опрема и обуката на украинските војници.
Шведска минатиот месец најави дека можеби ќе им дозволи на украинските пилоти да тестираат борбени авиони Грипен, откако Киев испрати барање за различни типови авијациски системи. Сепак, Стокхолм повторно повтори дека не планира да испрати борбени авиони Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
230 луѓе останаа без дипломатски пасоши, меѓу нив и претседателот на ФФМ
-
До крајот на месецот средба на мешовитата македонско–бугарска историска комисија
-
Судскиот совет одлучи: Јавен укор за судијката Спировска-Панева
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше институциите
-
Викендот во Штип 39-то издание на „Макфест“
-
Преглед на вестите од светот