Шведски Врховен суд: Активистите не можат да ја тужат државата за недоволна акција против климатските промени

– Шведскиот Врховен суд денеска одлучи дека Грета Тунберг и стотици други млади активисти не можат да ја тужат државата пред шведскиот суд за недоволна акција против климатските промени.
Во 2022 година, активистите поднесоа заедничка тужба до Окружниот суд тврдејќи дека државата ги крши нивните права според Европската конвенција за човекови права со тоа што не прави доволно за да ги ограничи климатските промени или да ги намали нивните ефекти.
Во 2023 година, Окружниот суд побара од Врховниот суд да се изјасни дали може да се поведе граѓанска постапка пред шведскиот суд врз основа на такво заедничко барање, откако државата побара да се отфрли случајот.
– Судот не може да одлучи дека Парламентот или Владата мора да преземат некоја конкретна акција.
Политичките тела самостојно одлучуваат какви конкретни климатски мерки треба да преземе Шведска, се наведува соопштението на Врховниот суд.
Околу 300 тужители, нарекувајќи се група Аурора, побараа Окружниот суд да и наложи на Шведска повеќе да се ангажира во ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
