Шведскиот премиер бара крај на блоковската политика во Шведска

Шведскиот в.д. премиер Стефан Ловен денеска изјави дека има подобрена политичка клима во земјата и дека може да се изнајде решение за состојбата која настана откако ниту еден од политичките блокови не успеа да обезбеди мнозинство на неодамнешните парламентарни избори.
Ловен, кој ја предводи Социјалдемократската партија, остана на должноста премиер иако му беше изгласана недоверба во Парламентот, во кој претставник на конзервативната Умерана партија (Модератерна) беше избран за спикер.
Добрите изборни резултати на десничарската националистичка партија Шведски демократи ги ослабнаа двете водечки групации - блоковите на социјалдемократите и на десниот центар и доведоа до политички застој.
- Постојат многу потенцијални можности за излез од политичкиот ќорсокак. Тие предвидуваат да престанеме со блоковската политика и да овозможиме одделните партии да соработуваат меѓу себе, што може да се постигне доколку има малку повеќе волја меѓу лидерите, изајви Ловен, алудирајќи на можност за широка коалиција.
И социјалдемократите и Модератерна имаат по неколку помали партии кои гравитираат околу нив и кои го надополнуваат нивното мнозинство во Парламентот.
Блокот на Ловен имаше еден од историски најлошите резултати и освои 144 пратеници, додека блокот на Модератерна има 143, а СД располага со 62 мандати.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
-

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец
-

Соопштение на МВР на Србија по киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски
-

Ја граделе сo „пурпена“ која чинела 5 евра, наместо со панели кои не горат 40 минути и чинат 17 евра: Екс обвинителката Кадриу, за пожарот во модуларната во Тетово
-

Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад
-

Српски медиуми: Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград
-

Македонските тенисери пред тежок испит, Кипар има предност од 2:0
-

Трамп за 19 февруари го планира првиот состанок на Одборот за мир
