Си-Ен-Ен: Пенс оставен како „жртвено јагне“ откако одбил да измисли процедурален пуч
Претседателот на САД, Доналд Трамп и највисоките претставници на Белата куќа не биле многу заинтересирани за тоа како е потпретседателот Мајк Пенс и членовите на неговото семејство кои беа во Капитол кога демонстрантите упаднаа синоќа на Капитол, изјави за Си-Ен-Ен извор близок до Пенс.
Пенс, придружуван од сопругата Карен, ќерката Шарлот и братот, републиканецот Грег Пенс, беше во Капитол за да присуствува на свеченото пребројување на гласовите во Конгресот, кога неколку приврзаници на Трамп упаднаа во зградата и извикуваа „Каде е Мајк Пенс?“. Тоа ги исплаши Пенс и неговото семејство, пренесува Си-Ен-Ен.
Изворот наведува дека после тоа, ниту Трамп ниту неговите соработници не го побарале на телефон за да видат како се Пенс и неговото семејство.
„Дали тој воопшто беше загрижен дека толпата што и наредил да оди во Капитол може да му наштети на потпретседателот или на неговото семејство“, праша изворот
Никој од Белата куќа не одговори на прашањата на Си-Ен-Ен на таа тема, но луѓе блиски до Пенс веруваат дека тој останал како „жртвено јагне“ што ќе ја сноси вината откако одби да го сослуша Трамп и да измисли процедурален пуч што ќе го задржи на власт.
Од вторникот, Пенс, наводно, бил под постојан притисок од Трамп да ги објави резултатите од изборите. Во исто време, Трамп, наводно, го предупредил дека може да очекува значителни политички последици ако одбие да соработува, изјави изворот, додавајќи дека „пораката е повеќе од јасна“.
Медиумот додава дека по вчерашните настани, соработниците на Пенс сметаат дека Трамп го предал, како и шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоус и адвокатот Руди Џулијани.
Ново на Сител
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
-

Одбележување на Светската недела на вселената
-

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика
