Свет
28. September 2017 - 14:35

Си-Ен-Ен: Русите ги „гаѓаа“ Фергусон и Балтимор за да поттикнат хаос

 За време на предизборната кампања пред претседателските избори во САД, најмалку едно рекламирање што Русите му го платиле на Фејсбук било поврзано со движењето „Црно живот значи“.

Како што јави Си-Ен-Ен, се претпоставува дека рекламата била насочена кон јавноста во Фергусон и во Балтимор, местата кои беа во центарот на вниманието по смртта на Афроамериканците убиени од „бели“ полицајци, по што се одржуваа масовни, некогаш и насилни протести.

- Одлуката за таргетирање таква публика со таква реклама ни дава првичен увид во тоа како налозите контролирани од „руска фарма на тролови“ поврзана со официјална Москва, поттикнуваат политички хаос во САД, изјавија неименувани извори на Си-Ен-Ен.

Фејсбук претходно соопшти дека една четвртина од околу 3.000 реклами купени од Агенцијата за истражување на интернет биле „географски таргетирани“, но не се наведени детали, ниту демокрафските или интересните групи кои биле директно „гаѓани“ со рекламата.

Рекламата „Црно живот значи“ се појави на Фејсбук кон крајот на 2015 година и почетокот на 2016 година. 

Кампањата е поддржана од движењето, но може да има и функција на заплашување на граѓаните на Балтимор и на Фергусон. Целта на руските реклами, како што наведува изворот, е да се зголеми политичкиот хаос и да се додаде „масло на оган“, без промовирање еден или друг кандидат.