Си-Ен-Ен: Во напади на ИД во светот најмалку 1.280 жртви
Откако во јуни 2014 година прогласи „калифат“, самопрогласената Исламска држава извршила или испланирала речиси 75 терористички напади во 20 држави ширум светот, наведува Си-Ен-Ен.
Во тие напади загинале најмалку 1.280 луѓе, а ранети се повеќе од 1.770.
Во тие податоци не се опфатени Ирак и Сирија каде ИД имаат контрола врз конкретна територија и каде нивните злосторства се многу поголеми.
Американскиот ТВ канал истакнува дел од нападите за кои се верува дека се инспирирани или организирани од ИД или од нивни регионални групи:
- 24 мај 2014 година – Три лица убиени и едно рането во Еврејски музеј во Брисел.
- 20 декември 2014 – Маж нападна со нож тројца полицајци, убиен на место. Напаѓачот бил Французин роден во Бурунди.
- 9 јануари 2015 – Амеди Кулибали уби полицајка во Париз, а потоа тој беше убиен .
- 14 февруари 2015 – Напад на Форум за слобода на говор и престрелка во синагога во копенхаген. Убиени две лица и петмина ранети полицајци.
- 2 септември 2015 – ИД објави дека нивна „филијала“ на југ во Русија нападнала воена постројка во Дагестан
- 3 ноември 2015 – Низа терористички напади во Париз во кои се убиени 130 луѓе, а ранети повеќе од 350. Најтежок биланс во Франција од Втората светска војна.
- 5 декември 2015 – Напад во станица на метро во Лондон. Напаѓат уби човек извикувајќи – Ова е за Сирија.
19 март 2016 – Самоубиствен напад во Истанбул, убиени четири луѓе и ранети 36.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски