Си ги фотографирале децата на одмор, но не ни помислувале што може да се случи
Она што почнало како забавен семеен одмор, се претворило во вистинска ноќна мора.
Лиса и Ентони Демари и своите три ќерки на возраст од 5, 4 и една година заминале на одмор во Сан Диего. Како и поголемиот дел од семејствата, тие фотографирале сè што ќе стигнат, а најмногу своите ќерки. Кога се вратиле дома, тие ги однеле фотографиите да ги развијат, но фото студиото сметало дека содржината на истите е крајно неприкладна.
Поради фактот што на поединечни фотографии ќерките биле голи, тие сметале дека станува збор за порнографска содржина и поради тоа ги пријавиле родителите во полиција. Со тоа, била отворена истрага за сексуално злоставување.
Според извештајот, девојчињата биле фотографирани во провокативни пози и им се гледале гениталиите, но родителите истакнале дека тоа се само обични фотографии од деца кое секое семејство ги има.
Поради ваквата пријава, ќерките им биле одземeни, а Лиса имала проблеми на работа по што била суспендирана. Двајцата биле запишани во регистарот на сексуални престапници.
– Тоа беше ноќна мора, една од фотографиите ги прикажуваше девојчињата како голи се прегрнуваат. Ние сметавме дека се многу слатки – изјавила очајната мајка.
По неколку месеци борба, децата им биле вратени, а полицијата одлучила да не покрене никакви обвиненија. Веќе 10 години, ова семејство пробува да ги тужи луѓето кои се одговорни за нивното страдање.
Неодамна судот пресудил дека децата им биле одземени без никаков основ и дека не постоеле никакви докази кои укажувале дека тие се наоѓале во опасност.
Ново на Сител
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти