Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер беше регистриран кусо пред 6.30 часот утрово по локално време во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, а засега не се пријавени некакви проблеми.
Според Геодинамичкиот институт, епицентарот бил во морската област седум километри југозападно од крајбрежниот град Гудура и на длабочина од 5 километри.
Заменикот префект на областа Јанис Андрулакис за државната телевизија ЕРТ рече дека земјотресот бил почувствуван во источниот дел на островот и се во исчекување да видат дали се предизвикани некакви проблеми, а цивилната заштита на конкретните регионални единици е во состојба на готовност.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) професорот Ефтимиос Лекас за ЕРТ посочи дека освен на Крит земјотресот бил почувствуван и на соседните острови Касос и Карпатос.
Сеизмологот Герасимос Пападопулос на социјалните мрежи коментираше дека веќе следат последователни потреси, од кои најголемиот досега е со магнитуда 3,8 степени, но и дека во претходните денови имаше земјотреси, а сеизмичката активност се развива на значително растојание од Крит и „ова ја намалува опасноста дури и ако се случи уште поголем земјотрес“.
-На 2 мај 2020 година, земјотрес со јачина од 6,6 степени се случи малку појужно, но не предизвика значителни штети поради растојанието. Тогаш имаше и мало цунами кај Јерапетра и Касос, напиша сеизмологот.
МИА
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
