Свет
24. August 2023 - 8:52

Силен земјотрес повторно ја погоди областа Малатија во Турција

Повторно силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил во близина на Малатија на длабочина од осум километри.

Оваа област на истокот од земјата беше зафатена од разорните земјотреси кои во февруари ја опустошија Турција.