Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати чститка по повод големиот христијански празник Божиќ, посакувајќи мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели.
-Со особена чест и голема почит, Ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово - Божиќ, денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого се сплотија и лицетворија во совршено единство, божествената и човековата природа. Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели. Рождеството Христово, и по повеќе од два милениума, нè вдахновува со неизмерна љубов и бесконечна добрина, хармоничност и мир, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош, поткрепа и утеха на сите оние на кои тие им се потребни, истакнува претседателката Силјановска Давкова.
И годинава, вели претседателката, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.
Порачува да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата.
-Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та, така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество. Христос се роди!, вели претседателката Сиљановска Давкова во честитката до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.
МИА
Ново на Сител
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
