Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“.
Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Загреб по средбата со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, таа посочи дека е изненадена од најавите дека известителот Томас Вајц вторпат подготвува извештај и бара од правната служба на Советот толкување на Вториот протокол поврзан со договорот за добрососедство со Бугарија.
Сиљановска-Давкова нагласи дека во договорот од 2017 година нема ниеден збор за уставни измени потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламент.
-Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи - истакна таа додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.
Таа истакна дека прашањата за малцинствата и јазичната политика не се регулирани на ниво на Европската Унија, туку се суверено право на државите, и оцени дека во случајот со Македонија има отстапување од овие принципи.
Претседателката додаде дека не е вината само европска и надворешна, не е само бирократска, туку е и наша.
-Тоа зависело и од македонски политичари, кои веројатно мислеле наивно дека со тоа ќе заврши тажната приказна на маратонот и ќе почне нова европска ера. Ама не е така - рече Сиљановска-Давкова.
Според неа, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата.
МИА
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
