Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано

Две години по стапувањето на функцијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ексклузивно интервју за Македонското радио ја оцени својата работа како успешна во зацврстување на меѓународната видливост на земјата, интегритетот на институцијата и директната комуникација со граѓаните.
„Мислам дека многу работи се движат или се придвижија“, истакна претседателката, посочувајќи дека станала видлива во меѓународните односи, делумно и поради нејзиното долгогодишно искуство во европските институции уште од 1996 година.
Таа го спомена зацврстувањето на интегритетот на претседателската институција преку телата во нејзина надлежност, повторното отворање на Народната (отворена) канцеларија на 14 мај, соработката со Младинскиот совет и успешната конференција „Македонија 2025“.
Најголем дел од интервјуто претседателката го посветува на македонските евроинтеграции и наметнатиот билатерален проблем со Бугарија.
Таа категорично ги отфрли обвинувањата дека „им држи лекции“ на европските претставници, нагласувајќи дека само укажува на двојните стандарди и на потребата од почитување на Копенхашките критериуми и основните вредности на ЕУ.
„Водена од националниот интерес, ама и од правото и правдата, јас само укажувам на неодржливоста на односот кон нас, односно на двојните стандарди“, рече Сиљановска-Давкова.
Таа се повика на Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права и практиката на Европскиот суд за човекови права, потсетувајќи дека ЕУ треба да го почитува националниот и културниот идентитет на народите.
Претседателката посочи дека прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано и дека барањата за промена на Уставот надвор од европското acquis (правна тековина) се несоодветни.
„Ние ги исполнуваме малцинските права над стандардите на многу земји членки на ЕУ“, додаде таа, спомнувајќи дека Франција и Грција не ги потпишале клучните конвенции за малцинства.
Сиљановска-Давкова повторно ја потврди својата позиција дека Преспанскиот договор бил спротивен на меѓународното и на македонското право, но истакна дека веќе е реалност.
Сепак, таа нагласи дека договорот јасно го потврдува постоењето на македонскиот народ со своја историја, култура и јазик, што ја оправдува употребата на името Македонија.
„Нема логика ако е pacta sunt servanda, вие треба да бидете сервус... Од нас се бара да градиме со соседот единство на сличности, а секој има право на историја по свое“, рече претседателката.
Таа изрази задоволство што некои европски претставници, како новиот претседател на Европскиот совет Антонио Кошта, кој во Софија зборуваше за потреба од гаранции за земјава, ја препознаваат потребата од гаранции за Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
