Силни експлозии во Дамаск

Силни експлозии одекнаа минатата ноќ во реонот на сирискиот главен град Дамаск, но засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.
Сириските државни медиуми објавија дека експлозивите биле предизвикани од проектили лансирани од Израел.
Ваквите наводи ги потврди и сириската противвоздушна одбрана, која соопшти дека лоцирала оти „непријателски проектили долетале од окупираните територии“, алудирајќи на Израел и дека „уништила поголем број“ од нив.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека израелската армија извршила ракетни напади врз цел во околината на Дамаск.
Израел досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите наводи. Изминативе месеци израелските сили во неколку наврати соопштија дека извршиле напади врз цели во Сирија поврзани со Иран и проиранското либанско движење Хезболах, кои во сирискиот конфликт се сојузници на властите во Дамаск.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
