Македонија
17. March 2021 - 14:43

Силниот ветер откорна десетина дрвја во Скопје

Силниот северозападен ветер кој дуваше вчера предизвика откорнување на голем број дрвја низ повеќе општини во главниот град на земјава.

- Во текот на вчерашниот ден силниот ветер откорна десетина дрвја во градот, поточно во општините Центар, Карпош, Аеродром и Гази Баба, соопштија од Град Скопје.

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ сѐ уште го расчистуваат теренот на повеќе локации.

За среќа, како што информираат од Град Скопје паднатите дрвја не предизвикаа никаква материјална штета.