-->
-->
Силно невреме го погоди Мелбурн
-->
Поради ризик од поплави што денеска може да го погодат австралискиот град Тралагон, источно од Мелбурн, евакуирани се околу 220 куќи, соопшти националната служба за итни случаи.
Во силното невреме што го зафати Мелбурн, главниот град на државата Викторија, синоќа, повеќе од 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
И покрај налетите на ветрот до 119 километри на час и силниот дожд што не се памети од 2008 година, нема извештаи за сериозни повреди, соопштија официјалните лица.
Неколку главни патишта беа блокирани поради поројните дождови, свлечиштата и паднатите дрвја.
Службите за итни случаи добиле повеќе од 5.000 повици за помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест во Кочани
-
Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа
-
Увидните дејствија за несреќата во Кочани сѐ уште траат, велат од ЈО
-
Заеднички час на платото на УКИМ, студенти и професори оддадоа почит на жртвите
-
Министерот за здравство Таравари ќе ги посети пациентите во Солун и Софија
-
Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска
-
МЗ: Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите 078 378 754
-
„Лажат дека пиротехниката ја донел бендот“ - се огласи сопругата на Андреј од „ДНК“