Балкан
29. January 2019 - 10:40

Силно невреме и ветришта во регионот ги преплашиле граѓаните, превртени и два шлепери

Еден шлепер се превртел во околина на Златица, источно од Зрењенин, а поради силниот ветар еден камион излетал и од патот.

Според наведеното сè уште не е познато што е точно причината за првртување на шлеперот кај Златица, но најверојатно е поради силниот ветар.

Силните ветрови и невремето ги исплашило и граѓаните, но за среќа никој не е повреден.

„Силни ветрови кои дувале бочно успеале да го превртат шлеперот, а снежните наноси блокираа неколки патни правци во околината на Баранда, Сакул и Опов. Условите заљ возење се отежнати и на патот Белград- Зрењанин“ наведува Војводина метео.

Спрема метеоролозите во Војводина и денес се очекуваат силни ветрово со брзина и до 100 километри на час.