Силно невреме во Италија, црвен аларм во Словенија и делови на Хрватска, се движи кон Србија
Силно невреме денеска го погоди северниот дел на италијанската провинција Ломбардија. Според локалните медиуми, паѓал град со големина на тениски топчиња, а мало торнадо е снимено на североистокот на Милано.
Силниот ветер собори дрвја, град оштети автомобили и покриви, а патиштата беа поплавени. На два покрива избувнал пожар откако биле погодени од гром. Засега нема информации за жртви.
Од Италија бурата се пресели во Словенија. Црвено предупредување е издадено за западна и централна Словенија во периодот од 14 до 18 часот. На западот на Словенија од 13 до 17 часот е во сила црвена тревога, а во централниот дел од Словенија од 13 до 18 часот.
Можно е силно невреме со град, силен ветер и удари од гром, јавува РТВ Словенија.
Посериозно невреме се очекува денеска и утре и во Хрватска. Црвен аларм е прогласен за Истра, Кварнер, Горски Котар и Карлови Вари. Портокалово предупредување е во сила во остатокот од земјата поради можни грмотевици.
„Преземете мерки за самозаштита и постапете според советите дадени од надлежните органи. Веројатни се широко распространети и силни бури со молњи опасни по живот, град, поројни поплави и бурен ветер. Треба да се очекуваат прекини во сообраќајот и прекини во снабдувањето со енергија. Можен е значителен прекин на вообичаените сообраќајни правци. Избегнувајте патувања кои не се исклучително важни“, предупредува хрватскиот ДХМЗ. Според метео прогнозата и утре ќе има слични временски услови.
Се очекува невремето, од Хрватска да прејде во Србија во доцните попладневни и вечерни часови. Во Србија се очекуваат временски непогоди, а Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување: Се очекуваат силни грмежи со повремен град, краткотрајни налети на ветер и на места урагански ветар.
Силни грмежи се очекуваат денеска и утре попладне и навечер на подрачјето од Алпите, преку Западен Балкан и Србија до регионот на Карпатите, предупредуваат тамошните метеоролози.
Ново на Сител
-
Татко и син физички се пресметале со сосед во скопски Аеродром
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север
-
Променливо облачно, со магла и повремен локален дожд
-
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата
-
Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка
-
Дурмиши : Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети