Силување и педофилија во Романија ќе се казнува со доживотен затвор
Романија итно ќе воведе нов закон со кој се изрекува доживотен затвор за силување и педофилија, изјави денеска романската премиерка Виорика Данчила.
Изјавата доаѓа откако ДНК-тестовите потврдија дека киднапираната девојка Александра Мачешаму (15), која исчезна на 24 јули, била убиена.
Случајот предизвика бес во Романија и изнесе многу недостатоци во полицискиот и судскиот систем во земјата.
Механичар (65) од градот Каракал на југот на земјата призна дека ги убил Александра и уште една осумнаесетгодишна девојка, која последен пат била видена жива во април.
– Ќе имаме нулта толеранција за недостиг на човечност и непочитување на граѓаните, рече премиерот Данчила, најавувајќи нови владини мерки.
Осудените педофили и силувачи сега се соочуваат со затворска казна од седум и 12 години, соодветно, а силувачите се осудуваат до 18 години затвор ако умрат нивните жртви.
Александра трипати го повикала европскиот број за итни случаи 112 и рекла дека е киднапирана, тепана и силувана, но на полицијата и биле потребни 19 часа за да го пронајде сторителот, во чиј дом пронашла коски и ДНК докази.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата