-->
-->
Силва останува во Манчестер Сити до 2020 година
-->

Давид Силва ја продолжува соработката со англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, потврдија официјално од клубот.
Шпанскиот репрезентативец реши да го продолжи актуелниот договор со „граѓаните“ за уште една година, па така Силва се обврза на верност кон Манчестер Сити се до 2020 година.
„Потпишувањето на новиот договор ја истакнува мојата лојалност кон клубот. Сити од година во година се повеќе се развива како голем клуб, сега имаме и тренер од светска класа кој ќе води кон нови успеси. Доколку продолжиме вака сезоната може да ни биде многу успешна, а јас секогаш сум „гладен“ за нови трофеи“, изјави Силва при потпишувањето на договорот.
31-годишниот Шпанец во Манчестер Сити дојде од 2010 година од Валенсија за сума од 28 милиони фунти. За „граѓаните“ тој досега има одиграно 324 натпревари, на кои постигна 52 гола, но она што го краси овој фудбалер се асистенциите.
Од почетокот на сезоната Силва веќе има осум асистенции со кои зад своето име има впишано вкупно 111 успешни додавања по кои неговите соиграчи успевале да постигнат гол
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
