Балкан
12. July 2017 - 8:51

Симиќ: Ќе разговараме со сите,всклучително и со Харадинај

Претседателот на „Листа српска“,Славко Симиќ, изјавил дека ќе учествуваат на сите политички консултации,без разлика кој ќе биде мандатар.

- Ние сме подготвени да ги слушнеме оние кои имаат искрени желби српската заедница силно да ја поддржат во парламентот и да овозможат нормално да функционираме како заедница и политички претставници. Доколку видиме дека има конструктивност и флексибилност ќе бидеме подготвени да бидеме дел од Владата,-изјавил Симиќ.

Тој за приштински „Зери“ додал дека досега не разговарале со ниедна од албанските партии за постизборна коалиција,но искажал подготвеност да разговараат со сите политички партии,со цел побрзо формирање на институците. Сепак Симиќ не кажал дали „Листа српска“ ќе го подржи кандидатот за премиер од коалцијата ПАН,Рамуш Харадинај.

- Листа српска нема одржано консултации со ниеден албански политички претставник. Ние најпрво чекаме што побрзо да се конституира Парламентот и да добиеме се што ни следува во парламентарните комисии, како парламентарна група,доброорганизирана и силна.Подготвени сме да учествуваме во полтичките консултации со претставниците на албанските партии,за да одлучиме за полтичките ставови и перспективи,-посочил Симиќ.

Тој очекува „албанските партии да разберат дека без силно присуство на Србите во политичкиот процес нема да има европски институцонални и социјални вредности и стандарди на Косово“.