-->
-->
Симов: Загубивме од силен противник
-->
Фудбалерите на Силекс загубија ос 4-0 од Карабах во Баку и се елиминирани од Лигата на шампионите. Кратовци играа мотивирано до моментот кога Карабах го постигна вториот погодок по прекршок над голманот Божиновски. Првиот стратег на кратовци, Горан Симов изјави дека е незадоволен од судењето но дека победил посилниот тим:
„Ние не одигравме лошо, се обидовме да бидеме храбри и паметни, а имавме 2-3 шанси. Сепак Карабах е тим кој лесно користи ситуации на пад во концентрацијата. Не ми се допаѓа резултатот, но морам да признаам дека сум незадоволен со судењето. Ситуацијата при вториот гол беше спорна. Нашиот голман лежеше на тревникот, а топката претходно го удри в рака и тој беше фаулиран. Карабах е голем клуб, а ние мал, но бевме храбри и тоа е чекор напред за нас“, изјави Симов.
По настапот во ЛШ Силекс останува на европската сцена и ќе продолжи во 2. квалификациско коло за Лига Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами