Симовски: Ние сме статистичари а не полицајци за да знаеме кој попишувач се занимава со криминал
Ние сме статистичари, а не полицајци за да знаеме дали некој од пријавените попишувачи се занимава со криминал, изјави за Плусинфо директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако вчера портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека еден од попишувачите во Сарај е уапсен во полициската акција „Планина“.
Тој истакна дека изборот на попишувачи се врши преку јавен конкурс и дека Законот за попис дозволува да се пријави секој што ги исполнува условите.
– Како ние да знаеме дали некој попишувач се занимава со нелегална работа? Сите заинтересирани граѓани доброволно се пријавуваат на јавниот конкурс за попишувачи, а условот е да се наши државјани, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование и да немаат засновано редовен работен однос. Впрочем, ние овие луѓе ги ангажираме привремено, а не ги вработуваме. Зарем треба да го испрашуваме секој попишувач посебно? Ние сме статистичари, а не полицајци – истакна Симовски.
Ново на Сител
-

Џентлменско возење на мотор за подигнување на свесноста за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
