-->
-->
Симовски нов селектор на ракометарките
-->

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија едногласно го усвои предлогот на тричлената комисија за избор на селектор на женската сениорска репрезентација и на позицијата го назначи Симе Симовски, соопштија од РФМ.
Симовски на селекторското место во А националниот тим доаѓа од селекторската позиција на јуниорската репрезентација.
Тој го наследува Ристо Магдинчев, односно Благојче Весиќ кој во меѓувреме ја извршуваше функцијата како ВД селектор.
Својот деби настап како селектор на сениорките, Симовски ќе го забележи веќе наредниот месец на претстојните квалификации за Европското Првенство, каде Македонија е во група со Црна Гора, Хрватска и Словенија.
Симе Симовски во изминатата година беше селектор на Јуниорската женска селекција, предводејќи ја до успешно минување на квалификациите за пласман на ЕП, а потоа и на континенталниот собир што летово се одржа во Шпанија.
Во својата богата кариера, Симовски како асистент на селекторот беше дел од Сениорската Женска Репрезентација на Светското Првенство во 2001 година и на Европското Првенство во 2012 година, а како селектор ги предводеше и младинските селекции во периодот од 1998 до 2000 година.
На клупски план, моменталниот тренер на ЖРК Вардар во кариерата беше дел и од Металург, Скопје и Пролет, каде покрај бројните успеси на домашната сцена, оствари и поголем број настапи во европските купови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
