Ракомет
2. October 2017 - 15:02

Симовски: Потребни ни се повеќе вакви натпревари

Женската ракометна селекција на Македонија го загуби и вториот дуел од квалификациите за ЕП 2018 . Поразот од Србија од 33-27, не е проблем особено што пртивничките ја имаат улогата на фаворитки.
-  Беше познато дека Шведска и Србија се фаворитки, но без разлика на се се договоривме дека тоа се само имиња и пезимиња. Дел од ракометарките го сфатија тоа. Одигравме квалитетно 40-тина минути. Потребни ни се повеќе вакви натпревари. Повредата на Саздовска и голманката Томашевиќ, голман до светски калибар ни создадоа проблем, изјави Симе Симовски селекторот на женската ракометна репрезентација.
Следниот дуел Македонија ќе го игра во март 2018 година против Фарски Острови.