-->
-->
Симовски повика 25 ракометарки на подготовките
-->
Селекторот на женската ракометна репрезентација Симе Симовски денеска го објави списокот од 25 ракометарки кои треба да се појават на подготовките за квалификацискиот турнир за Светското првенство 2017 година во Германија.
Подготовките почнуваат во понеделник на 21.ноември, а ќе се одржуваат во СЦ „Јане Сандански“.
Повикани се следниве ракометарки: Драгана Петковски, Матеја Серафимовска, Наташа Антиќ, Љупка Белмезова (голмани), Сара Митова, Наташа Нолевска, Сара Ристовска, Јована Саздовска, Марија Прленда (крила), Теодора Керамитчиева, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Стефанија Мишевска, Елена Ливриниќ, Зорица Десподовска, Елена Ѓеоргијевска, Андреа Белеска, Дајана Јовановска, Габриела Величковска, Душица Ѓеоргијевска, Александра Боризовска, Маја Трпковска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ и Сања Дабевска.
Македонија се наоѓа во групата 3 заедно со Австрија, Исланд и домаќинот на турнирот Фарски Острови. Натпреварите ќе се играат во Торшавн од 2 до 4 декември годинава.
Двете првопласирани селекции од групата ќе изборат пласман во баражот што ќе се игра во јуни следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство