Симптоми на срцев удар

Иако многумина мислат поинаку, срцевиот удар ретко се случува од ведро небо. Поточно, телото се обидува да не предупреди со денови порано, со недели па дури и со месеци, пред самиот удар, иако ретко ги препознаваме знаците.
Непријатно чувство во градниот кош е еден знак. Кај поголемиот дел од случаите на срцев удар, нападот започнува со непријатно чувство во градниот кош и истото трае малку подолго од неколку секунди или се повторува неколку пати. Пациентите чувствуваат голем притисок и болка.
Непријатно чувство во горниот дел од телото, како болка и непријатно чувство и во едната или кај двете раце, грбот, вратот, вилицата и желудникот. Болката во грбот и во вилицата почесто се јавуваат кај жените.
Задишаност, вртоглавица и мачнина се исто така знак.
Ново на Сител
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
