Македонија
7. March 2025 - 18:28

Симулациска вежба за вонредни состојби ќе се одржи утре и задутре на Меѓународниот Аеродром Скопје

Во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија утре и задутре (8 и 9 март) на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба за вонредни состојби.  

- Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир, соопштија од МВР.