Син и татко физички ја нападнале поранешната сопруга и снаа пред судот во Гостивар
Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвинителен предлог против татко и син кои се сомничат за кривично дело „насилство“.
– Двајцата соизвршители, син и татко на возраст од 30 и 54 години, наведеното дело го сториле на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд. Тие физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првообвинетиот и нејзиниот татко, удирајќи ги со тупаници и клоци по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Во исто време, обвинетите со своето однесување предизвикале чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни, се вели во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Против синот, кој е полициски службеник, доставен е и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, а за неговиот татко на сила се определените мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
