Синдикат на УПОЗ и ЗСА најавија помош за штрајкувачите
Синдикатот на вработените од управата, правосудсните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) соопштија дека поради намалените плати за јуни на учесниците во штрајкот во изминатите два месеца од понеделник ќе поднесат кривични пријави за претседателите на судовите, кои издале наредба за намалување.
Во најскоро време, информираат, и штрајкувачите ќе поднесат поединечни граѓански тужби за надомест на разликата во исплатените плати, а за нив ќе биде формиран и солидарен фонд.
- Бидејќи во текот на вчерашниот ден беше реализирана наредбата на претседателите на судовите, кои со закани и притисоци врз сметководителите и благајниците на судовите ги принудија на незаконски начин да пресметаат плати за јуни со казни од 40 проценти за штрајкувачите, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА сметаат дека со ваквите постапки егзекуторите извршија злодело врз своите вработени со кои треба и понатаму да работат и да соработуваат, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.
Во солидарниот фонд за штрајкувачите, информираат, ќе може да донираат сите добронамерни граѓани, организации, установи, невладини организации, здруженија на граѓани, синдикати и правни лица.
- Особена финансиска поддршка се очекува да дадат оние кои го поддржаа штрајкот, адвокатската и нотарската комора на Република Македонија, а особено голема финансиска поддршка очекуваме од судиите и Здружението на судии. За таа цел, на судиите во текот на идната недела ќе им бидат доставени уплатници со минимален износ на уплата од 100 евра во денарска противвредност, со очекување дека претседателите на судовите, бидејќи сметаме дека чувствуваат грижа на совест за незаконското кратење на платите, овој износ ќе го удвојат. Собраните средства ќе бидат рамномерно распоредени на сите штрајкувачи. Сметката на Солидарниот фонд е: 200000043542128 депонент Стопанска банка, со назнака помош за штрајкувачите, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.
Штрајкот на вработените во судската администрација, кој почна на 18 мај годинава со барање за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства, од денеска е во мирување до завршување на годишните одмори во судовите. Во тој период, според Синдикатот на УПОЗ и ЗСА, во судовите се извршувале само нужни работи, помалку и дури во тек на штрајк. Доколку штрајкувачите се соочат со притисоци и закани од судската власт, најавија вчера Синдикатот и Здружението, штрајкот ќе биде активиран и ќе продолжи со поголем интензитет од досегашниот.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци