Синдикатот на одбраната ќе протестира поради неисполнување на барањата

Синдикатот на одбраната и безбедноста денеска најави дека во сабота ќе протестира поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата.
Во соопштението испратено од Синдикатот се наведува дека протестот ќе се одржи пред Министерството за одбрана и пред Владата на Република Македонија, а доколку не се исполнат нивните барања ќе штрајкуваат во институциите што ги опфаќа Синдикатот на одбрана и безбедност.
Синдикатот посочува дека подолг временски период преговарал со надлежните во Министерството за одбрана за подобрување на стандардот на вработените, но оти до решение не е дојдено.
- Како разумен социјален партнер оставивме доволно време (до 13.05.2016 год.) да седнеме на преговарачка маса и да најдеме начин за исполнување на горенаведените барања, се вели во соопштението и се додава дека до петокот не се остварени преговори со надлежните поради што е донесена одлуката за протест.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога и оружје
-

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред
-

Николоски: Нема проблем со керозин, имаме резерви за 90 дена, отворени се пет нови дестинации и покрај кризата
-

Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
-

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
