Синдикатот на УЈП утре ќе достави предлог за нов медијатор, Јовевски побарал изземање
Синдикатот „Солидарност“ - УЈП утре најверојатно ќе испрати предлог за нов медијатор до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) откако денеска назначениот помирувач Лазар Јовевски побарал изземање.
Како што изјави за МИА претседателот на синдикатот Васе Недановски, Јовевски бил во странство и не можел да се врати во рокот од три дена, кога треба да постапи.
-Помирувачот се иззема. Бил во странство, а рокот за да постапи му е три дена. Во тој период не можел да се врати. Утре ние треба да предложиме некого, да пуштиме писмо до Министерството за труд и социјална политика, рече Недановски за МИА.
Вицепремиерот за економски пршања Фатмир Битиќи смета дека вработените во УЈП сепак нема да стапат во генерален штрајк. Тој е оптимист и се надева, истакна денеска, дека ќе се најде решение.
-Генерален штрајк не би требало да се случи зашто вработените во УЈП, како и сите други вработени во јавниот сектор, заслужуваат достоинствени плати, изјави Битиќи.
Синдикатот „Солидарност“ - УЈП засега не отстапува од одлуката за генерален штрајк доколку нема зголемување на платите за 30 проценти.
Ново на Сител
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии
-
Муцунски во Брисел
-
Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната
-
Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница
-
Пронајдена дрога и пиротехника кај велешанец