Македонија
2. December 2022 - 17:08

Синдикатот на УКИМ доби надеж за повисоки плати

Голема и радосна вест за УКИМ. Вака Синдикатот на најстариот и најголемиот универзитет во земјава го најави претстојното потпишување на новиот колективен договор, со кој се подобруваат условите и се покачуваат платите на вработените на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”

„Успеавме да дојдеме до ветување дека конечниот договор ќе биде потпишан најдоцна до 29 декември, со тоа што на 9-ти декември ќе имаме средба со министерот за финансии да видиме како стои нивното размислување и просторот во однос на нашите барања за 25-процентно покачување во наредните четири години. Доколку не наидеме на разбирање тогаш Собранието, како највисок законодавен орган претставувано од неговиот претседател, ќе го потпише нашиот колективен договор”

Синдикалците денеска во Ректоратот седнаа на преговарачка маса со тричлена делегација од парламентот предводена од Талат Џафери, а задоволство од средбата изрази и помирувачката страна во спорот.

„Очигледно е дека работите ни одат добро, имаме уште една средба после оваа, детали нема да се соопштувам сега. Заедничкото решение е на повидок на да се прифати. Преговорите ќе продолжат во однос на тоа што ќе се утврди како висина на зголемување на платите”

Нов колективен договор и покачување на платите чекаат околу две илјади и 400 вработени на УКИМ, а денешната средба следуваше откако Синдикатот во ноември поднесе предлог за мирно решавање на преговорите.