Синдикатот на „Водовод и канализација“ пред штрајк, во среда конечна одлука
Синдикалната организација на СУТКОЗ при „Водовод и канализација“ донесе одлука за користење на правото на штрајк.
Одлуката, како што информира денеска ССМ, е донесена едногласно на вчерашната седница, а се очекува да биде потврдена во среда на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ по што ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика веднаш да определи помирувач. Од Синдикатот посочуваат дека ќе известен и в.д. директорот и Управниот одбор на „Водовод и канализација“, како и градоначалничката Данела Арсовска и советничките групи во град Скопје.
– На вчерашната седница, синдикалците известија за големите притисоци кои се вршат врз вработените и членовите на органите на синдикалната организација кои раководството на чело со в.д директорот Митовски ги прави, а како последна информација за која се загрижени вработените е дека в.д директорот Митовски подготвува нови дисциплински постапки против повеќе од 40 работници членови на синдикатот во кој дел се и претседателот на синдикатот во ЈП Водовод и канализација, Кашиковски, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот.
Оттаму за утре најавуваат прес-конференција пред седиштето на Град Скопје на која, како што посочуваат, ќе биде презентиран документ од специјалист-невроприхијатар за в.д. директорот на „Водовод и канализација“.
– Ако градоначалничката Арсовска не реагира на сите докази за незаконското работење на Митовски, пресудите за сторени сериозни кривични дела со затворски казни, Извештајот од специјалист – неуропсихијатар за сериозното нарушено ментално здравје на лицето в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, ние како работници ќе побараме итна седница на Советот на Град Скопје уште во среда како и помош од сите надлежни институции во државата со една цел да се обезбеди заштита и здрави и безбедни услови за работа на работниците кои во овој момент во претпријатието никој не може да ги гарантира, но и нормално и непречено функционирање на претпријатието, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
