Синер повторно го ангажираше Ферара

Светскиот број 1, Италијанецот Јаник Синер, повторно го ангажираше својот поранешен тренер за физичка подготовка, Умберто Ферара. Минатата година, Синер се раздели со Ферара и физиотерапевтот Џакомо Налди откако против него беше покрената истрага за земање на забранетиот лек, клостебол, што резултираше со негова тримесечна суспензија по спогодбата со Светската антидопинг агенција (WADA).
Толку блага казна беше изречена бидејќи беше утврдено дека забранетата супстанца влегла во телото на Синер затоа што Налди користел спреј што содржи клостебол за посекотините на раката, кој Ферера му го дал, а потоа го масирал Синер.
„Умберто одигра важна улога во развојот на Јаник и неговото враќање го покажува неговиот фокус на продолжување на играњето на највисоко ниво“, објави таборот на Синер.
Откако се раздели со Синер, Ферара работеше со друг италијански тенисер, Матео Беретини, во првата половина од оваа година.
Инаку, пред Вимблдон, Синер се раздели со фитнес тренерот Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бадија. Точната причина не беше наведена, но се шпекулираше дека станува збор за пари.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
