-->
-->
Сирени за можен ракетен напад се огласија во Галилеја
-->
По мирната ноќ низ Израел, во раните утрински часови се огласија сирените за можен ракетен напад врз градот Галилеја, јавуваат израелските медиуми.
Израелските одбранбени сили соопштија дека се огласиле сирени за предупредување за ракетен напад во заедницата Сде Елиезер, во пошироката област Галилеја, додека израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“ лансирал проектил откако открил „сомнителна цел“, наведува „Тајмс оф Израел“.
Сирените беа активирани по неколку часа без предупредување, но во услови на широко распространети стравувања дека либанската шиитска, проиранска организација Хезболах би можела да се приклучи на конфликтот меѓу Израел и Хамас еден ден откако минофрлачки гранати беа истрелани од Либан и ракети од Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси