Сирија: Ердоган поддржува тероризам
Сириското Министерството за надворешни работи денеска го обвини претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган дека поддржува тероризам и има „најголема одговорност“ за крвопролевањето во Сирија. Обвинувањето уследи откако Ердоган го нарече сирискиот претседател „терорист“
Ердоган за време на посетата на Тунис истакна дека Асад е терористи и не треба да биде дел од иднината на Сирија по конфликтот.
- Асад е терорист, кој вршува државен тероризам. Невозможно е да се продолжи напред со Асад. Како можеме да планираме иднина со сириски претседател, кој убил речиси милион граѓани, посочи Ердоган.
Во реакцијата на сириското Министерство за надворешни работи се истакнува и дека Ердоган понудил „неограничена поддршка“ за сите видови „терористички групи“.
За сириската Влада терористи се сите вооружени групи, вклучително и опозицијата.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија