ОН: Сирија и ИД користат хемиско оружје
Сириските владини воени сили во два наврата користеле отровен гас, додека пак, Исламската држава барем еднаш употребила иперит, стои во извештај од заедничката истрага на Обединетите нации и Организацијата за забрана на хемиски оружја (ОПЦВ).
Истрагата којашто траеше една година посочува доволно докази дека во северозападната сириска покраина Идлиб на 21 април 2014, во селото Талменес, и на 16 март 2015 во градот Сармин, хеликоптери на сириското Воено воздухопловство исфрлиле проектили кои содржеле отровни материи. Во двата случаја е користен хлор, наведуваат западните медиуми.
Од друга страна пак, „Исламската држава имаат единствена можност, способност, мотив и средства да користат сулфурен иперит во градот Мареa“, се вели понатаму во извештајот.
Истрагата на ОН и ОПЦВ беше едногласно усвоена од Советот за безбедност при ОН. Била спроведена за девет случаи на напади (во седум сириски градови), за коишто ОПЦВ, врз основа на своја одделна истрага, веќе имала сознанија дека е користено хемиско оружје.
Во шест од деветте случаи нема заклучок на истрагата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам