Сириската опозиција: Нема да преговараме додека гинат цивили
Претсавниците на сириската опозиција почнаа да ги напуштаат мировните преговори во Женева, откако во воздушен напад врз пазар во северозападна Сирија загинаа најмалку 44 лица, истакнувајќи дека не можат да учествуваат во мировни преговори додека секојдневно гинат цивили.
Опозицискиот Сириски центра за мониторинг на човекови права тврди дека најмалку 44 цивили загинале во воздушни напади на владините сили во провинцијата Идлиб во северозападна Сирија, во подрачјето кое е под контрола на фронтот Ал Нусра, огранок на Ал Каеда во земјата.
Како Исламската држава (ИД), така и Ал Нусра, е исклучена од мировните преговори во Женева, па владините сили ја продолжија офанзивата на подрачјата кои се под нивна контрола.
Главниот опозициски Висок преговарачки комитет го осуди нападот на пазарот Марет ал-Нуман и го нарече масакр и јасно кршење на примирјето.
- Тој напад беше одговор на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад на одлуката на Комитетот да го суспендира своето учество во женевските преговори, тврди Комитетот.
Ново на Сител
-
Нападнат контролор на ЈСП „Скопје“
-
Осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив утре на протест
-
Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило
-
Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција
-
Меџити: Имаме забелешки за работата на Илире Даути, но не поддржуваме иницијативи од Левица
-
Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Поскапуваат бензините и дизелот