Свет
16. December 2017 - 19:55

Сириската војска навлезе во провинцијата Идлиб

Сириската војска презема мали делови од провинцијата Идлиб, кои беа под контрола на бунтовниците.

Сириската владина војска веќе неколку неделе спроведува офанзива од провинцијата Хама кон Идлиб.

Сириската опсерваторија за човекови права наведе дека војската со тешки борби и воздушни удари го преземала селото Тал ал-Ханазир што се наоѓа во Идлиб.