-->
-->
Сириски бегалци на Лезбос стапија во штрајк со глад
-->
Група од 14 сириски бегалци кои се наоѓаат на грчкиот остров Лезбос, почнаа да штрајкуваат со глад во знак на протест против долготрајната проверка на документите за азил, јави ДПА.
Сиријците одбиваат храна од петокот, кога нивните молби за одобрување азил во Европската Унија им биле првостепено отфрлени, а обработката на жалбите трае со месеци. Полицијата одби да даде коментар.
Протестите се честа појава во грчките бегалски кампови, каде 13.800 имигранти престојуваат во мизерни услови, чекајќи нивниот статус да биде решен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии