Сириските бунтовници ја потиснаа ИД од стратешки важниот град Манбиџ

Борците на бунтовничката коалиција составена од курдски и арапски сили денеска презедоа контрола врз стратешки важниот град Манбиџ, кој досега беше едно од упориштата на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во северна Сирија.
Како што јави Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, бунтовничката коалиција Сириски демократски сили презела целосна контрола врз Манбиџ и во тек е акција за пронаоѓање на еветуално преостанати џихадисти во градот.
Сириските демократски сили го освоија градот Манбиџ, откако пред два месеци започнаа офанзива против припадниците на ИД во регионот.
Манбиџ, кој се наоѓа во северната сириска провинција Алепо, беше од клучно значење за ИД, бидејќи низ него минува главната патна врска од турската граница до градот Рака, кој важи за престолнина на самопрогласениот „Исламски Клаифат“.
Во исто време, западни медиуми јавија дека бунтовниците успеале да ги потиснат и сириските владини сили во северниот дел на градот Алепо, при што ја зазеле зградата на тамошната воена академија, каде заплениле поголемо количество на оружје и муниција.
Според директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, Рами Абдел Рахман, бунтовниците се на добар пат да го прекинат патот кој ги поврзува сириските владини сили во северниот дел на Алепо со останатата територија под контрола на Дамаск.
Ваквите тврдења на бунтовниците засега ниту се потврдени, ниту демантирани од сириските власти.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
