Свет
12. October 2015 - 14:01

Сириските специјалци со руска помош влегоа во леглото на Исламска држава

Зачестените воздушни удари на позициите на радикалните исламисти и овозможија на сириската војска да тргне во офанзива.

Оваа соработка меѓу воздушните сили и сириската вајска изгледа дека ќе биде одлучувачкиот фактор во Сирија. Западната коалиција не успеа да оствари таква кооперација, пишува „Твѕвезда.ру“.

Сириските специјални сили, со неколку тенкови, џипови и оклопни возила тргнаа во напад на позициите на припадниците на Исламската држава во пограничниот град  Камишли, на границата со Турција. На другата страна на фронтот се наоѓаат околу 500 терористи.

Камишли е важен за терористите бидејќи низ овој гард поминува гасот и нафтата. Сега тука се специјалците на сирисјите сили.

Иницијативата на бојното поле ја презедоа сириските војници благодарение на руската авијација. Само во полседниве денови бомбардерите изведоа 64 напади на 55 мети. Во провинциите Хама и Рака уништени се кампови за обука и внимателно камуфлирани бази на терористи.

Како резултат на ударот на руската авијација и морнарицата на Исламската држава терористите за само една недела изгубија речиси половина од инфраструктурата и изгубија врска со каналите за снабдување.

На снимките кои ги емитуваше руската телевизија „ТВ Ѕвезда“ може да се види упадот на сириските сили во Камишли и пукотници со терористите кои по воздушните напади се дезориентирани.