Сириското воздухопловство изврши први напади со новите руски ловци

Најмалку 38 џихадисти загинаа во последниве 24 часа при напади на авиони на сириското Воено воздухопловство врз позиции на групата Исламска држава (ИД) во реонот на историскиот град Палмира, јави ДПА.
Според сириски воен претставник, кој побарал анонимност, во овие напад првпат учествувале и новите авиони-ловци што Русија и ги достави на Сирија, како помош во борбата против тероризмот.
Истиот извор информира дека со руските ловци управувале сириски пилоти.
Тој соопштил и дека првите нови авиони од руско производство пристигнале во Сирија пред десетина дена, додавајќи дека покрај во реонот на Палмира, тие учествувале и во напади врз градот Рака, кој џихадистите го прогласија за престолнина на нивниот т.н. „Исламски Калифат“.
Покрај новите авиони, во напади врз бунтовниците североисточно од градот Латакија, сириските сили ги користеле и новите артилерските системи добиени од Русија
Ново на Сител
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
