Живот
20. јуни 2017 - 14:47

Сите ја правиме - Најголемата грешка за време на патувањата

Иако на прв поглед делува како добра идеја, ливче со име и адреса на куферот може да предизвика големи проблеми.
 
Одморите и патувањата треба да се вртат околу забавата, опуштањето и да бидат прилика за „побегнеме“ од секојдневието.
 
Меѓутоа, многу луѓе можат да се опуштат само ако знаат дека се е безбедно – домот, парите, документите, багажот.
 
За да се осигураме и да ги намалиме потенцијалните непријатности во случај нашиот куфер да биде загубен, најчесто на него лепиме или прикачуваме ливче со податоците – име, презиме, адреса, број на телефон…
 
Сепак, ова е голема грешка, зашто со тоа ја загрозуваме сигурноста, наместо да ја засилиме.
 
Доколку залепите ливче со адреса и сите податоци на куферот, вие порачувате „овој стан е празен, можете да не ограбите“.
 
Не е добра идеја ниту да ставате адреса на некој од блиските пријатели или членови на семејството зашто потенцијалните крадци не знаат чиј е тој дом, и доколку намерат – секако ќе се обидат да извршат кражба.
 
Но сепак, факт е дека куферите често се губат, особено ако летате со авион, така што ливчиња со податоци на куферот сепак ви се потребни.
 
Најпаметно што можете да направите е да ги оставите податоците од фирмата во која работите и вашиот мобилен телефон. На тој начин, доколку вашиот куфер се загуби, надлежните ќе можат да стапат во контакт со вас или со некој кој ве познава, а вие ќе ги добиете работите назад.