Сите луѓе во животот имаат две шанси да бидат среќни

Судејќи според експертите, најсреќни сме во крајно необични години. Нова студија открива дека младите луѓе и возрасните на прагот на седмата деценија, всушност се најсреќни луѓе.
Според истражувањата, врвот на среќата во животот на едно лице е меѓу 18 и 25 година и тоа задоволство во средните години опаѓа.
Меѓутоа, се смета и дека лицата во 60-тите години исто така се задоволни со својот живот, бидејќи сите стресови околу подигнувањето на децата и работата сега се зад нив, па се помирни.
Научниот соработник д-р Делиз Хачинсон смета дека луѓето имаат три клучни елементи на личната благосостојба: финансиска безбедност, силна врска и чувство на цел во животот.
Причина за смиреност и благосостојба е и тоа што двајца од тројца испитаници сметаат дека финансиски подобро стојат од нивните родители кога биле на истите години.
- Перцепцијата за финансиската сигурност се подобрува од генерација во генерација, вели д-р Хачинсон, кој смета дека веројатно децата се подобро организирани од нивните родители кога биле на иста возраст.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
