Сите му аплаудираа: Она што го направи холандскиот премиер откако истури кафе ги воодушеви сите
Секој мал гест на еден политичар и нивните реакции на ситуации од секојдневниот живот често знаат да бидат пресудни кај гласачите.
Луѓето го сакаат „пакет“, не само јавната маска на функционер. Јасно, најважна е програмата која тој политичар ја нуди, но луѓето се луѓе, секогаш ги интересира она неофицијалното, приватното и интимното. Што никако не е чудно, секој човек е љубопитен и не интересира како некој човек кој е јавна личност би постапил во одредена „секојдневна“ ситуација.
Холандскиот премиер Марк Руте веројатно тоа добро го знае, па со еден мал гест ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Имено, тој излегувајќи од зграда случајно истури кафе. Меѓутоа, и покрај тоа што хигиеничарката беше веднаш до него, не размислуваше ниту момент и веднаш го зема џогерот да го избрише она што го истури.
Воодушевените хигиеничарки му аплаудираа, а тој се насмевна. Можеби ова е и популистички трик, можеби политичарот знаеше дека камерата го снима, па решил да се покаже. Па дури и да е таков случајот, неговиот гест секако е за пример.
Културно и џентлменски, нешто што во нашиот регион ретко се гледа.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење